Жителите на село Моштица мака мачат со добитокот пуштен на слободна испаша во атарот на селото

Жителите на село Моштица мака мачат со добитокот пуштен на слободна испаша во атарот на селото

 

Жители од село Моштица повторно пријавуваат појава на крупен добиток пуштен на слободна испаша во атарот на селото. Оваа појава според кажувањето на мештаните се случува подолг временски период, особено во последниот месец, кога настанатата штета врз засадените култури и овошните насади е од поголеми размери.

 

 

„Повеќе грла на крупен добиток, секојдневно се напасува без надгледување од стопан. Страдаат градинарските култури, како и овошните насади. Не е ретка појавата кога сме приморани самите да го отстрануваме добитокот од нашите дворови“, – вели револтиран жител на село Моштица, кој додава дека „иако повеќе пати реагирале, решение на проблемот нема и жали што совесноста на дел од сожителите е на многу ниско ниво“.

 

 

Во повеќе наврати, за оваа појава ја имаат информирано и МВР. Жителите на селото продолжуваат да бараат решение на проблемот кој, како што велат, се повторува секоја година. Се надеваат дека оваа реакција ќе биде доволен аларм кај надлежните за постапување и решавање на проблемот кој ги тишти сите жители на селото.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *