Жена од Оризари пронајдена удавена во канал за наводнување од хидросистемот Брегалница

Удавената жена ја пронашол нејзиниот 64-годишен син, кој го пријавил случајот во кочанската полиција откако еден час претходно пријавил дека мајка му исчезнала

Осумдесет и деветгодишна жена од селото Оризари, Кочанско, утрово била пронајдена удавена во канал за наводнување во близина на селото, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Удавената жена ја пронашол нејзиниот 64-годишен син, кој го пријавил случајот во кочанската полиција откако еден час претходно пријавил дека мајка му исчезнала.

Телото на починатата било извлечено од екипа на кочанските пожарникари, додека лекари констатирале смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено за обдукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *