Денеска, во Месопусната недела Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.
После читањето на Светото Евангелие епископот одржа пригодна беседа во која истакна како да се подготвиме за почеток на Велигденскиот пост, – велат од делчевско каменичката епархија
По Литургијата верниот народ од Македонска Каменица и регионот ги прими Божествените Дарови.
По завршувањето на Светата Божествена литургија беше одржан работен состанок и ручек на кои присутен беше и Димчо Атанасовски, градоначалник на Општина Македонска Каменица. Како што веќе претходно објавивме, градоначалникот Атанасовски истакна дека работи на обезбедување на простор и услови за изградба на резиденцијален објект за потребите на Делчевско – каменичката епархија во кругот на старата градска црква Свети Илија.