Епископот г. Марко богослужеше во нашата градска црква “Успение на Пресвета Богородица”

Денес, на вториот ден од празникот Педесетница кога се празнуваат и Светите апостоли Вартоломеј и Варнава, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко богослужеше во храмот „Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.


Епископот по читањето на Светото Евангелие одржа пригодна беседа во која накратко го појасни празникот Педесетница.
Особено истакна ,, Дека Бог нас не создал за да не обожи и затоа постојано, на секоја света Литургија му благодариме за се што ни дал не по наша заслуга. Секако Светиот Дух е присутен на секоја Света Литургија и со Негово содејство се осветуваат даровите, претворајќи се во вистинско Тело и Крв Христови. Заради сето ова ние, постојано треба да бидеме благодарни бидејќи благодарноста е најважно нешто со кое би се оддолжиле на Бога”.
Главна дејност во нашиот живот треба да биде здобивање со Дух Свети, бидејќи не еднаш, современите отци, во духот на Преданието повторуваат: ,,Бог нас нè создаде за обожение.”
Благодатта на Светиот Дух нека не укрепува постојано во сите денови од нашиот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *