Македонска Каменица, 12. Ноември 2024 година – По вчерашните и синоќешните врнежи од снег, екипите ангажирани од општина Македонска Каменица и екипите на Јавното претпријатие Камена Река се натерен и успешно ги вршат активностите за расчистување на снежните наноси. Сите локални патишта, вклучително и оние што водат до најоддалечените и највисоките населени места во нашата општина, се проодни и расчистени, информираат од Општината
– Екипите, од раните утрински часови се на терен во Караџевско маало во село Косевица, Капетанско маало во село Саса и повеќе од повисоките населени места во село Цера, каде со максимална ангажираност вложуваат напори за обезбедување на безбеден и непречен сообраќај. Со постојана присутност на екипите на терен, ќе овозможиме брзо и ефикасно расчистување на сите локални патишта во услови на интензивни врнежи и ниски температури во текот на целиот зимски период, – истакна градоначалникот Димчо Атансовски за овие вонредни услови, замолувајќи ги граѓаните за внимателност при движењето, особено на одредени делови каде што е можно присуство на мраз.
За секоја информација или потреба од дополнителна интервенција, граѓаните можат да се обратат во Општина Македонска Каменица или да се јават на 070 298 144 – отворената телефонска контакт линија во Општината.
Градоначалникот Димчо Атанасовки, на крајот од текстот објавен на ФБ профилот, се заблагодарува за разбирањето, соработката и поддршка во овие услови. Наша заедничка цел и приоритет во работењето, останува безбедноста и непречената мобилност за сите жители на општината.