Едно полувреме му беше потребно на Баскет Кам да го реши дуелот против некогашниот ривал Бадел 1862

Баскет кам го доби дуелот што требаше да биде дерби, против Бадел 1862 (73:53)

Едно полувреме траеше неизвесноста на дуелот кој требаше да го одбележи првото првенствено коло во новата сезона од Првата лига-жени – натпреварот во салата „Независна Македонија“ каде Бадел 1862 го предизвика шампионот Баскет кам од Македонска Каменица.

Сепак, Бадел 1862 со неколкуте нови имиња како Јована Петрушевска и Марија Николов, беше конкурентен само во првото полувреме, кога бранителот на шампионската титула имаше водство до четири поени (33:29).

Во продолжението на играта се разигра, во прв ред, Цветанка Димова. Делуваше незапирливо за противничката одбрана. На крајот на третиот период екипата од Македонска Каменица водеше со двоцифрени (51:38), за во последната разликата да порасне на 20 поени.

Димова застана на ефект од 29 поени (5/7 за три, 6/11 за два поени), имаше и седум скока, две асистенции. Одлична секвенца имааше и Максимовска, стрелец на 14.поени, додека пак Кметовска го заврши натпреварот со двоен ефект, односно 13.поени и 11 скока (плус 4 асистенции).

Извор: КФСМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *