Еве како по природен пат да го намалите лошиот холестерол

Телото го користи холестеролот за извршување на различни активности како што се одржување на флексибилноста на клеточните мембрани, синтетизирање на хормони, жолчни киселини и витамин Д.

Постојат два вида на холестерол: липопротеин со ниска густина (LDL) – лошиот холестерол кој го зголемува ризикот од срцеви заболувања и липопротеин со висока густина (HDL) – добриот холестерол кој го намалува ризикот од срцеви заболувања. Покрај холестеролот, мастите во крвта вклучуваат и триглицериди.

Биосинтезата на холестерол се одвива во црниот дроб, од кој со помош на соодветни протеини се транспортира понатаму во телото за различни намени.

Дел од холестеролот се враќа во црниот дроб каде што се користи за синтеза на други стероиди. Доколку овие два процеси не се координирани, доаѓа до акумулација на холестерол во жолчката (жолчни камења) или на ѕидовите на артериите (атеросклероза).

Холестеролот е неопходен за функционирање на телото и се наоѓа во клеточните мембрани на сите ткива, додека најмногу го има во мозокот и ‘рбетниот мозок.

Фактори кои влијаат на нивото на холестерол вклучуваат прекумерна тежина, возраст, семејна историја и храна богата со заситени масти.

Холестеролот може да доведе до затнување на артериите, но може да се намали со усвојување здрава исхрана и редовна физичка активност.

Ова се природни лекови кои можат да ви помогнат да го намалите холестеролот по природен пат.

Одредена храна содржи холестерол, додека друга храна може да го стимулира црниот дроб да произведува повеќе од него. Според Националниот институт за срце, бели дробови и крв, изборот на животниот стил е водечка причина за висок холестерол.

Намирници што по природен пат го намалуваат лошиот холестерол се: куркума, лук, ленено семе и рибино масло. Внесете ги во вашата исхрана редовно и почнете да изведувате некаква физичка активност, како пешачење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *