ДООЕЛ „ПАЈО ГО“ – како општествено одговорна компанија обезбеди бесплатен превоз за КУД „ВЕРА ЈОЦИЌ“ на сите гостувања во Македонија

ДООЕЛ „ПАЈО ГО“ – како општествено одговорна компанија обезбеди бесплатен превоз за КУД „ВЕРА ЈОЦИЌ“ на сите гостувања во Македонија

Општествено одговорната компанија ДООЕЛ „ПАЈО – ГО“ од Македонска Каменица продолжува да докажува дека елементарен приоритет во нивното работење е подобрувањето на условите за живот во заедницата.
Нивната последна донација опфаќа значителна поддршка на нашето Културно уметничко друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица, со која во иднина ќе биде помогнато работењето и развојот на друштвото.
По завршувањето на денешниот работен состанок со Гоце Атнасовски – директор на ДООЕЛ „ПАЈО ГО“ – Македонска Каменица, претседателот на КУД „Вера Јоциќ“, Драго Лазаревски со благодарност за несебичната поддршка од оваа општествено одговорна компанија, истакна дека во иднина „ПАЈО – ГО“ обезбедува бесплатен превоз за друштвото при сите гостувања во Македонија“. Во знак на продлабочувањето на соработката од страна на „ПАЈО – ГО“ беа донирани унифицирани и брендирани маички за сите членови во друштвото.
„ПАЈО – ГО“ е бонитетна А+ транспортна компанија која 25 години успешно работи и функционира во областа на услужните дејности. Поддршката кон заедницата во областа на културата, спортот и други сегменти од општественото живеење во градот е знак за препознавање на овој деловен субјект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *