Доделени сертификати за учество на членовите од Дебатен клуб – Македонска Каменица

 

Македонска Каменица, 20. Јуни 2024 година – Вчера, со почеток од 18.00 часот во ресторанот Шизик, од страна на претставници на здружението Надеж Норе од Македонска Каменица, на пригодна свеченост, им беа доделени сертификати, на членовите на дебатниот клуб од Македонска Каменица.

Оваа година во Македонска Каменица преку здружението Надеж Норе, во соработка со Младинскиот Образовен Форум (МОФ) од Скопје, за прв пат во Македонска Каменица беше отворен дебатен клуб. Во истиот членуваат околу 30 младинци (средношколци) од општината Македонска Каменица, кои што почнувајки од месец Октомври 2023 па заклучно со данашниот ден, одржаа над 30 тренинзи и предавања за дебата и медиумска писменост, младински активизам, младинско застапување и младински политики.

Исто така, во текот на месец Декември 2023 и Мај 2024 година над 20 членови од овој клуб учествуваа и на две државни дебатни првенство на Македонија при што истите остварија и одлични резултати. Од страна на здружението Надеж Норе, во соработка со МОФ, планираат и наредната година да продолжат со работата на дебатниот клуб во Македонска Каменица, при што постои можност и за проширување на активностите со отварање и на нови клубови за младински активизам и новинарство.

Во текот на летниот период е планирано организирање на бесплатен младински дебатен камп за членовите од клубот, за кој што младите дополнително ќе бидат известени. Работата на дебатниот клуб во Македонска Каменица, е во рамките на проектот на МОФ, “Младите размислуваат” кој што е финансиран од УСАИД, а истиот е одобрен од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

Во Македонска Каменица, истиот е реализиран и со поддршка од страна на СОУ Миле Јаневски Џингар, за што од страна на здружението Надеж Норе, изразуваат огромна Благодарност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *