Дејан Митревски е нов претседател на ФК Каменица Саса

Македонска Каменица, 22. Септември 2023 година – На денеска одржаниот состанок на Собранието на ФК Каменица Саса, со мнозинство гласови од присутните членови беше прифатена претходно најавената оставка на досегашниот претседател на клубот, Борче Максимовски. За нов претседател на ФК Каменица Саса е избран, Дејан Митревски.

 

 

Во рамки на конструктиванта расправа, покрај донесените одлуки за смена на досегашниот и изборот на нов претседател, беше разговарано и за моменталната финансиската состојба во која се наоѓа клубот. Беше потенцирана потребата од единство во работењето на сите чинители во ФК Каменица Саса, како и потребата од зголемена поддршка од заедницата, со цел обезбедување на подобри услови и средства за нормално функционирање на клубот во иднина.

Дејан Митревски е поранешен фудбалер на ФК Саса. Стандарден првотимец во сите кадетски и младински генерации, како и повеќегодишен фудбалер на сениорскиот тим на ФК Саса. Во изминатите неколку сезони е тренер на младинските и кадетски школи во клубот.

 

 

ФК Каменица Саса утре го игра 6. Коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Гостува во Куманово, каде со почеток од 15:00 часот, се среќава со ФК Башкими 1947. По одиграни пет кола, Саса има само еден бод и се наоѓана претпоследното место на табелата.

 

 

Состанокот на Собранието на ФК Каменица Саса се одржа со почеток од 19:00 часот, во клубските простории од Куќата на спортот во Македонска Каменица.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *