Денеска температурите ќе достигнат до 42°C со UV индекс 10

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42°C. UV индексот ќе изнесува 10.

Во Македонска Каменица, ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38°C.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *