Денеска се празнува Јановден (Иванден) – раѓањето на Свети Јован Крстител

На денешниот датум седми јули, (Јулијански календар 24 јуни), православните христијани го празнуваат Јановден (Иванден), празник посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител.

Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. Тој е една од ретките личности во христијанската вера (покрај Исус Христос и Богородица) кому црквата му посветила повеќе празници: Раѓање на Св. Јован Крстител, (Иванден), Отсекување главата на Свети Јован Крстител, Собор на Свети Јован Крстител, итн. Оттука може да види и значењето на овој лик во христијанската вера.

Во народното верување Свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се раскажува во преданијата и како што се пее во песните кога светците ги делеле функциите на Св. Јован му паднале кумството и побратимството.

Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *