Делчевец ќе одговара кривично за споделување на експлицитни фотографии од поранешната партнерка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.К.(38) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „полово вознемирување“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот, во периодот од 25.12.2023 до 16.01.2024 на социјални мрежи објавил и со други лица споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка, од кои дел биле со експлицитна содржина, а кои ги направил додека живееле заедно, соопшти полицијата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *