Гром удрил во авионот на македонските одбојкари

Гром удрил во авионот на македонските одбојкари

Македонските одбојкари имаа ново патешествие, грум удрил во авионот на летот кон Скопје, па морале итно да се вратат во Цирих и принудно да слетаат.

Одбојкарската репрезентација на Македонија во изминативе години имаше најразлични авантури, а популарните „спартанци“ сега можат да се „пофалат“ со нова неверојатна случка.

На летот кон Скопје, гром удрил во нивниот авион, па пилотот решил веднаш да се врати назад во Цирих, каде принудно слетал.

За среќа се поминало без посериозни проблеми, нашите одбојкари се сместиле во хотел, преноќиле во Цирих, и утрово со нов лет тргнале кон Скопје.

Како и секогаш, најдоа шега во непријатната ситуација, и на социјалните мрежи порачаа дека се посилни и од громовите.

Извор: mkd.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *