“Грешки во пчеларењето” и “Користење на пчелните производи” ќе бидат теми на предавањето за пчеларите во организација на Еко Кам Мед

Пчеларско Здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица ги информира своите членови , пчеларите од регионот како и останатите граѓани дека организира предавање на темите “Користење на Пчелните производи и апитерапијата во здравата исхрана” и “Грешки во пчеларењето”.

Предавањето ќе биде на 16.03.2024 г. (сабота) во 18 часот во Домот на културата во М.Каменица во големата сала. Предавач ќе биде Проф. Д-р Миќа Младеновиќ од Белград, дипломиран инжинер на земјоделство, магистер по помологија и доктор на агрономски науки. Редовен професор на земјоделски факултет во Белград, предмет- Пчеларство, со магистерски труд „Испитување на медоносната пчела како полинатор за зголемување на приносот на некои видови на цреши“.

Стручно усовршување од областа на пчеларството во детерминација на поленовиот прав во медот и вештачкото оплодување на матиците го завршил во КАРДИФ (ВЕЛС) на институтот на пчеларство.
Докторска теза „Напоредни истражувања на вредноста на ЛР кошница“.

Во својата богата биографија бил и претседател на пчеларскиот сојуз на Југославија од 2000-2005год.
Од 2015 година до ден денес е претседател на Здружението за АПИТЕРАПИЈА , АПИ БЕО СРБИЈА.
ПЗ „Еко Кам Мед“ ги повикува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат кои сакаат да ги освежат своите знаења за придобивките од пчелните производи кои ги користиме во исхраната!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *