ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ

ГРАДСКИОТ БАЗЕН ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ

 

Македонска Каменица, 26. Јуни 2024 година – Јавното претпријатие Камена Река го најави почетокот со работа на Градскиот базен во Македонска Каменица. Вратите на градкиот базен за посетителите ќе бидат отворени утре, 27. Јуни четврток, во 12 часот. Во останатите денови од летната сезона, базенот ќе работи секој ден, во периодот од 10:00 до 18:00 часот.

 

 

Почнувајќи од утре, како што изјави директорот на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски граѓаните на Македонска Каменица и регионот ќе имаат можност да го посетуваат Градскиот базен во Македонска Каменица како место за пливање, рекреација и разладување во текот на летната сезона.

“Во тек се последните подготовки за отворање и успешна работа на Градскиот базен. Како и во минатите години, ЈП Камана Река планира воведување на повеќе новини со кои дополнително ќе се подобри престојот на пливачите и посетителите на градскиот базен”, – додаде во изјавата директорот на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *