Градоначалникот Атанасовски упати честитка до граѓаните по повод тројниот празник во Македонска Каменица

Градоначалникот на општина Македонска Каменица упати честитка до граѓаните за денешниот троен празник на градот “Успение на Пресвета Богородица” – заштитничка на нашите рудари и нашата општина.

Честитката ви ја пренесуваме во целост:

 

Почитувани сограѓани,

Дозволете ми, Во мое име и во име на општина Македонска Каменица, со голема радост да ви го честитам Денот на рударите и Денот на нашата општина, христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица.
Овој ден е од големо значење за сите нас, како потсетник на посветеноста и трудољубивоста на рударите – неуморните градители на иднината во нашата општина.
Денеска, кога го чествуваме големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, посакувам во секој дом, да донесе мир, здравје, среќа и благосостојба.
Посебна чест ни е што денеска, во духот на ова празнување, го имаме задоволството да бидеме домаќини и да го пречекаме премиерот Христијан Мицковски во нашата општина. Неговото присуство е дополнителна потврда на важноста на нашата заедница и нашата работа.
Ви посакувам добро здравје, многу успех и просперитет во благодет и семејна хармонија.

Со почит,
Димчо Атанасовски
Градоначалник на општина Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *