Градоначалникот Атанасовски со срдечен прием ја пречека нашата олимпијка Михаела Павловска

Градоначалникот Атанасовски со срдечен прием ја пречека нашата олимпијка Михаела Павловска

Македонска Каменица, 23. Август 2024 година – Гадоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски денеска одржа свечен прием во својот кабинет за Михаела Павловска, македонска олимпијка и гордост на нашата општина, која успешно ја претставуваше Македонија на Олимпијадата по геонауки во Пекинг, Кина.

На приемот, градоначалникот Димчо Атанасовски лично ѝ честиташе на Михаела за нејзиниот извонреден успех и посветеност во полето на геонауките. Тој истакна дека ваквите достигнувања не само што го промовираат образованието и науката, туку и придонесуваат кон градењето на позитивен имиџ на нашата општина и држава на меѓународно ниво.

„Горди сме на Михаела и нејзиниот успех, кој е резултат на напорна работа, талент и љубов кон науката. Таа е вистински амбасадор на Македонска Каменица и инспирација за нашите идни генерации. Нашата општина секогаш ќе стои зад своите млади таленти и ќе ги поддржува во нивните идни предизвици,“ истакна градоначалникот Атанасовски

Михаела Павловска изрази благодарност за поддршката што ја добива од заедницата и ја сподели својата мотивација за понатамошни успеси на национални и меѓународни натпревари. Таа посочи дека признанието од нејзините сограѓани, родителите и најблиските, е од особено значење за неа и ја поттикнува да продолжи да ги следи своите цели.

На крајот од приемот, градоначалникот Димчо Атанасовски ѝ врачи на Михаела симболичен подарок од општината, како знак на признание и почит за нејзините достигнувања.

Општина Македонска Каменица ќе продолжи да ги поддржува сите млади таленти и да се стреми кон создавање на услови за нивен развој и успех на меѓународно ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *