Градоначалникот Атанасовски започна постапка за набавка на возила за потребите на Дневниот центар за лица со посебни потреби и Итната медицинска помош

Градоначалникот Атанасовски започна постапка за набавка на возила за потребите на Дневниот центар за лица со посебни потреби и Итната медицинска помош

 

 

Македонска Каменица, 20. Октомври 2023 година – Денеска, ја започнав постапката за набавка на возила за потребите на Итната медицинска помош при Здравствената станица во Македонска Каменица и специјализираното возило за потребите на штитениците при Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица,-  информираше градоначалникот Димчо Атанасовски.

 

Проценета вредност на возилата, во двете одделни постапки, како што поспчува во своната објава Атанасовски изнесува 5 700 000 денари. Возилото за потребите на ИМП изнесува 2 800 000 денари, а возилото за потребите на Дневниот центар е со проценета вредност од 2 900 000 денари со вклучен ДДВ.

-Со ова, јас како градоначалник и целокупно како локална самоуправа, додава во пишувањето Атанасовски, ја потврдуваме нашата заложба за подобрување на условите за работа во здравствените и згрижувачките центри во нашата Општина.

 

 

Набавката на овие возила се дел од барањата на граѓаните за подобрување на условите за работа во двете установи, како и за подигање на степенот на квалитет во услугите кои тие ги нудат кон заедницата. Како иницијатива во изминатиот период, потребата од набавка, начините и итноста од спроведувањето на истата, беше и тема на расправа на некои од Седниците на Советот на Општината во овој и во претходниот општински советнички состав. Радува фактот што конечно е започната постапката за набавка на возилата. Се надеваме дека наскоро, истите ќе бидат ставени во функција исклучиво за потребите на Итната медицинска помош и Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *