Градоначалникот Атанасовски ги објави аплицираните проекти до Министерството за локална самоуправа за финансиска поддршка од Владата

Македонска Каменица, 12. Септември 2024 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски ги објави аплицираните проекти до Министерството за локална самоуправа за финансиска поддршка од Владата.
– Како локална самоуправа, аплициравме со проекти за изградба на улица Питу Гули и целосна реконструкција на дел од главен пат до Ситновско маало во Стара Каменица, – истакнува Атанасовски во објавата на социјалните мрежи, додавајќи дека оваа поддршка, за нашата локална самоуправа ќе овозможи реализација на проекти со кои ќе задоволиме елементарни потреби на граѓаните.
– Нашето работење го насочуваме кон подобрување на локалната инфраструктура со спроведување на проекти кои имаат позитивно влијание и значење за целата локална заедница, – додава градоначалникот на општина Македонска Каменица, при што изразува јавна благодарност до премиерот, Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински кои даваат силна поддршка за единиците на локалната самоуправа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *