Голем број верници денеска го чествуваат празникот Св. Тома (Томина недела) во манастирот св. Архангел Михаил во Аџиско маало, село Саса

Честување на христијанскиот празник Св. Тома (Томина недела) во манастирот Свети Архангел Михаил во Аџиско маало, село Саса.

 

Со Светата литургија по повод денешниот христијански празник, од раните утрински часови, чиноначалствува Неговото Преосвештенство Епископ г. Марко во сослужение со свештенството при нашата Делчевско – каменичка епархија. Покрај многубројниот христијански народ од Македонска Каменица и поширокиот регион, на чествувањето на денешниот празник присуствува и градоначалникот Димчо Атанасовски заедно со директори и раководители од локалната самоуправа.

Минатата година, токму на овој христијански празник Томина недела беше осветен манастирот Свети Архангел Михаил. Истиот, беше доизграден и реконструиран од локалното христијанско население од село Саса и Македонска Каменица, со финансиска и материјална поддршка од заедницата и локалната самоуправа.

Неделата по Велигден е наречена Томина недела, но и Нова недела, Антипасха. Нова недела се нарекува, затоа што почетокот на сите недели започнува од неа. Таа е прва недела по Пасха, и прв пат по Пасха се обновува празнувањето на светлото Христово Воскресение. Апостолското правило гласи: „Осум дни по Велигден повторно нека ви биде чесен празник, во кој неверниот апостол Тома се увери во воскресението“.

За многу години празникот, браќа и сестри христијани, Македонци!


Линк до целосната фотогалерија од настанот: https://www.facebook.com/share/p/bEEK8TpAmbP9nKMk/?mibextid=oFDknk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *