Времето денеска ќе биде сончево, од понеделник натпросечно топло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени, информираат од Управата за хидрометеорлошки работи.

Од понеделник ќе имаме сончево со натпросечно топло со мала умерене локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер. Минималната температура ќе биде од – 5 додека максималната ќе биде до 20 степени.

Утрово најниската температура е измерена во Берово -8 па следуваат Попова Шапка, -6 Скопје-Петровец, Битола, Крушево, Маврови Анови, -5 Струмица, Демир Капија, Крива Паланка, Штип, -4 Тетово, Прилеп, Претор, Охрид, Дебар, -3 Велес, Виница, -2 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 2 Дојран, 3 Гевгелија.

Виситината на измеренета снежна покрива на повисоките места во 7 часот изнесува 10 во Маврови Анови и 3 на Попова Шапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *