Во пожарот кај Пехчево изгоре возило на пехчевските доброволци – има повредени со мали изгореници (ВИДЕО)

Линк до видеото од изгореното возило на пехчевските доброволци: https://www.facebook.com/share/v/HPETwir8kC14UQSq/?mibextid=p7WL9T

Околу Пехчево повторни гори. Пламени јазици високи и до педесет метри се шират мошне брзо во планинскиот предел Буковик, на само три килемотри од градот. Изгорено е возило на пехчевските доброволци, неколку лица се на кислородна подршка, информираат граѓани вклучени во гаснењето.

Огнот е забележан во попладневните часови, по што пехчевци бргу се организирале. Стотина лица во моментов се вклучени во гаснењето. Пристигнал и еден хеликоптер кој се вклучил воборба со огнената стихија.

Лицата што ги контактиравме велат дека овој пожар е многу посилен од претходниот. Повикуваат на смиреност и самоиницијативно да не се оди кон огнот, за кој велат дека многу бргу се шири и е поопасен од оној од претходната недела.

Официјални информации од ЦУК и другите надлежни допрва следуваат.

Izvor: radiokocani.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *