Македонска Каменица, 31. Октомрви 2024 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица го посети Основното општинско училиште “Св. Кирил и Методиј” каде во завршена фаза е уредувањето на Сензорна соба за потреби на нашето училиште.
Проектот е дел од проектот „Направи разлика“, кој се реализира со активна поддршка на Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип и со финансии од Агенцијата за меѓународен развој УСАИД.
– Сензорната соба ќе обезбеди подобри услови за работа и учење за учениците, создавајќи простор кој ќе ги поттикнува нивниот развој и креативност. Вложувањето во образованието е наш приоритет, и со оваа активност продолжуваме да работиме во насока на создавање на позитивна и инклузивна средина за сите наши ученици, – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски, при што додаде „верувам дека оваа иницијатива ќе донесе дополнителни подобрувања во процесот на учење и воспитување кај учениците и во работата на стручниот наставен кадар во училиштето“.
Посетата беше остварена во присуство на директорот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, стручни работници од училиштето и соработници на градоначалникот од општина Македонска Каменица.