Видинскиот митрополит Даниил избран за бугарски патријарх и митрополит Софиски

На 30.06.2024 година, во Академската сала на Бугарската академија на науките во Софија, се одржа Патријаршискиот изборен црковен собор за избор на нов Бугарски патријарх.

Во 8:30 по Бугарско време започна првиот круг за избор на Бугарски Патријарх, при што во првиот круг Митрополитот Ловчански г. Гаврил освои 19 гласа, Митрополитот Видински Даниил освои 51 глас, а митрополитот Врачански Григориј освои 64 гласа. После тоа, откако беа подготвени ливчиња со имињата на двајцата кандидати за Патријаршискиот престол, Митрополитите Григориј и Даниил, се одржи вториот круг на гласање, при што за Митрополит Софиски и Патријарх Бугарски беше избран Видинскиот Митрополитот Даниил со 69 гласови, додека Врачанскиот Митрополит Григориј имаше 66 гласа.

На многаја и благаја лета на новоизбраниот Митрополит Софиски и Патријарх Бугарски г. г. Даниил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *