Вандали уништиле детски парк во Делчево

Срушена куќичката во детскиот парк во населбата Ново Делчево. Несовесни, играчката за децата, ја искористиле за забава во ноќните часови.

Ова е мала штета, но е една од многуте кои во континуитет се прават во паркот и детското игралиште кое е единствено од ваков тип во Делчево. Редовно овде страдаат дрвцата, се вадат чешмите, се уништиваат клупите, а на сето ова дивеење, сведоци се жителите од населбата на чие конто се книжат долги непроспиени ноќи:

  • Овде се собирата деца над 15 години, викаат цела ноќ, досадуваат и кршат, реагираат овдешни.

Жителите од оваа населба за овој проблем спас барале и во полицијата.

  • Пријавувавме во полиција, никој не реагира. Треба да се поведе сметка з атоа што с еправи овде, сметаат жителите.

Со осуда за овој чин излегоа и од ЈПКД Брегалница кои го одржуваат паркот. Оттаму апелираат за поголема свест кај граѓаните, за да не се уништува урбаната опрема изградена со пари на граѓаните. Само детскиот парк ја чини општината околу 10 илјади евра, додека вкупната инвестиција на паркот е околу 100 илјади евра, средства дел обезбедени преку Форумите за заедницата и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *