Атанасовски: Со новата современа пречистителна станица, жителите на Стара Каменица и село Дулица ќе добијат чиста и здрава вода за пиење

Македонска Каменица, 25. Јули 2024 година – Инсталирана е новата современа пречистителна станица на вода за пиење во село Цера. Со оваа инвестиција на општина Македонска Каменица, трајно се решаваат проблемите со чиста и здрава вода за пиење на домаќинствата од Стара Каменица и село Дулица.
– Општина Македонска Каменица ќе продолжи посветено да работи во насока на подобрување на условите за живеење во урбаната заедница и во руралните средини. Остануваме посветени во решавање на проблемите со обезбедување на чиста и здрава вода за пиење на сите наши жители. Денеска, радува фактот што за жителите од приградската населба Стара Каменица и село Дулица решаваме повеќедецениски проблем и во иднина, тие ќе имаат чиста и здрава вода за пиење, – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски
Како што истакнуваат од локалната самоуправа и Јавното претпријатие Камена Река кое е задолжено за одржување и нормално функционирање на водоводниот систем во Македонска Каменица, инсталирањето на Пречистителната станица е реализирано од страна на Емергомонт – Скопје за вкупна вредност од 4.925.421,00 денари. Средствата обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *