Автомобил излета од патот Македонска Каменица – Делчево кај “Баткова чешма”, има повредени

Во 00.43 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево, кај место викано „Баткова чешма“ во Делчево, патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од А.А.(24) од Македонска Каменица, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.А. и неговиот сопатник Н.Ј. (26) од Македонска Каменица, а со телесни повреди се здобил другиот сопатник Р.А.(27) од Македонска Каменица, констатирани во Клиничката болница Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *