Турнирот во тенис кој се игра во рамки на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“ стигна до полуфиналните натпревари. Денес, во првото полуфинале ќе играат Дарио Стојковски и Марјан Велиновски, а утре силите ќе ги одмерат Кире Малчовски и Драган Јовановски. Првото тениско финале од Меморијалниот турнир ќе се одигра викендов, а терминот дополнително ќе биде закажан.
Овој викенд, од организаторите е најавено дека ќе си играат и Турнирите во баскет и пинг понг.