ЈП Камена Река изврши редовна дератизација на канализационата мрежа во Македонска Каменица
Користејќи ги поволните временски услови, ЈП Камена Река започна редовна дератизација на канализацоната мрежа Македонска Каменица.
– Третманот се врши со постваување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отвори што служат за собирање на атмосферска вода, информираат од ЈП Камена Река.
Ова е редовна годишна активност на ЈП Камена Река, како претпријатие задолжено за сервисирање и одржување на функционалноста на канализационата мрежа во Македонска Каменица. Активноста се спроведува во соработка со Општина Македонска Каменица.