ЈАВЕН ПОВИК за добивање на Сертификат за авто-такси возач | Општина Македонска Каменица

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 8 став 1 точка 4 од Законот за превоз во патниот сообраќај (,,Сл. весник на РМ ” бр.68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 37/2016 и 71/2016), a во согласност со Правилникот за постапката и Програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто-такси возач, формата и содржината на Уверението за положен испит и Сертификатот за авто-такси возач („Сл. весник на РМ“ бр.98/14). Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК

 за пријавување заинтересирани лица од Општина Македонска Каменица, за полагање на испит за добивање на Сертификат за авто-такси возач

  1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

1.1.      Предмет на јавниот повик е пријавување на заинтересирани лица од Општина Македонска Каменица, за полагање на испит за добивање на Сертификат за авто – такси возач.

1.2.      Испитот го спроведува Комисија за полагање на испит за авто-такси возач, формирана од Градоначалникот.

1.3.      Трошоците за полагање на испитот паѓаат на товар на возачот.

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

2.1.      Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани лица од Општина Македонска Каменица, со поднесување на Пријава која содржи:

–           Име и презиме на кандидатот;

–           Датум, година и место на раѓање;

–           Адреса на живеење или престојувалиште;

–           Број на лична карта и матичен број.

2.2.      Пријавените кандидати кон пријавата се должни да достават и Потврда за завршена обука од правно лице кое е овластено за стручно оспособување на кандидатите.

  1. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА

3.1.      Лицата од точка 2 поднесуваат Пријава до архивата во Општина Македонска Каменица, најдоцна два дена пред денот на одржување на испитот.

  1. ИСПИТ

4.1.        Испитот се спроведува најмалку еднаш месечно, со објавување на термините за полагање на web страната на Општина Македонска Каменица www.makedonskakamenica.gov.mk

4.2.      Испитот се состои од теоретски дел кој се полага писмено во форма на тест.

4.3.      Испитот содржи испитни прашања од две тематски области и тоа:

–           безбедност на сообраќајот на патиштата и

–           превоз на патниците.

4.4.      Полагање на испитот ќе се одржи на ден 29.11.2016 год. (вторник) во просториите на Општина Македонска Каменица, со почеток од 13:00 часот.

По спроведувањето на испитот, доколку возачот го положи испитот ќе му биде издадено посебно Уверение за положен испит, а во рок од 30 дена му се издава Сертификат за авто-таски возач.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *