Штип: Покрај 800 грама марихуана, штипската полиција заплени комплет ваги и алатки за пакување и припрема за продажба на истата

800 грама марихуана заплени штипската полиција во домот на 27 – годишник:

  • Покрај марихуаната пронајдени се ваги и алатки за пакување на марихуаната и нејзина припрема за продажба, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Според цените за парче џоинт на нарко пазарот, запленетата количина на дрога, би можела на штипјанецот да му донесе приход од околу 50.000 денари.

Пронајдената дрога, веројатно,  е само дел од она, што тој  претходно го имал кај себе, но колку точно, засега не е познато:

  • Дрогата е набавена од Скопје, но во непознати количини, кажа Панајотова.

Нарко дилерот, веројатно, е со добро организирана мрежа на набавувачи и купувачи, па неговото бранење од слобода, претставува опасност за натамошниот тек на истрагата. Поради ова, на него му е одреден притвор во траење од 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *