Човеки фактор е причината која завчера во смрт однесе шест жители на Истокот. Ова го покажувата првичните полициски анализаи, кои по увидот во Кочани, Делчево и Виница, констатирале пребрзо возење, умор, недржење на растојание и невнимание.
Токму ова се главните причини за најголемиот број на сообраќајни несреќи , воопшто, покажуваат полициските анализи:
- Најчести причини за сообраќајните несреќи се брзото возење, неправилното претекнување, заморот, алкохолот, недржење на растојание и слично, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.
Денес тројцата кочанци на возраст од 25 до 28 години, 61-годишната делчевка и нејзинот 69-годишен сограѓанин и 19-годишното момче од Виница, се погребани во своите општини.
Нивната смрт, билансот на загинати од почетокот на годината го искачи на дури 12 жртви во сообраќајот. А се можело да биде поинаку и во најмала рака бројот на жртви да биде многу помал, доколку сите учесници во сообраќајот се придржувале до пропишаниет правила, нешто за што од полицијата , постојано апелираат:
- Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни и да го чуваат сопствениот и животот на останатите учесници во сообраќајот, апелираше Панајотова.
Инаку, во изминатите години во првите 6 месеци од годината бројот на жртви бил драстично помал од овогодинашниот.
Лани, статистиката на СВР бележи 6 несреќи и исто толку жртви, а во 2015 година три несреќи и тројца загинати. Годинава, шестмина загинаа само за една вечер.
Извор: ТвСтар – Штип