Читањето книги го продолжува животот

Едно ново истражување открива дека оние лица кои читаат најмалку 30 минути дневно имаат поголеми шанси да уживаат во подолг живот.

Истражувањето било направено на 3.635 лица на возраст од 50 години и повеќе, при што тие биле поделени во три групи: лица кои воопшто не читаат, лица кои читаат до 3,5 часа неделно и лица кои читаат многу повеќе од 3,5 часа неделно. Резултатите покажале дека оние лица кои читаат живееле просечно две години повеќе од оние лица кои не читаат.

Резултатите кои се објавени од страна на тим на истражувачи од Школата за јавно здравство на Универзитетот Јеил покажуваат дека колку повеќе луѓето читаат, толку е поголема веројатноста да живеат подолго. Само 3,5 часа читање во неделата се доволни за да направат разлика.

Мора да се напомене дека ова истражување само ја покажува поврзаноста меѓу читањето и долгиот живот, а не причините и последиците, но сепак претставува возбудливо откритие бидејќи се надоврзува на идејата дека читањето навистина може да помогне во одржувањето на активен и здрав ум.

Можно е читањето да го вежба мозокот на истиот начин како што теретаната го вежба телото, велат истражувачите.

reading-books-825x510

Истражувачите исто така сугерираат дека читањето на фантастика може да го зголеми чувството на емпатија, да ги зацврсти врските со луѓето и светот околу нас и да придонесе да бидеме поангажирани, посреќни, а со тоа и да имаме подолг живот.

Интересно, истражувањето покажало дека читањето на книги има поголема веројатност да го зголеми животниот век, токолку читањето на весници или списанија.

Истражувањето е објавено во „Social Science & Medicine

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *