“Да ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија” – Киро Глигоров, (прв Претседател на Република Македонија)
8-ми Септември 1991 год. – Скопје
Нема ништо поубаво и посвето кога вековниот сон и борба за слобода на сопствениот народ и независност на татковината се остваруваат без оружје на демократски, цивилизиран и мирољубив начин.
Референдумот од 8-ми Септември 1991 година е круна на вековната желба за слобода и трет Илинден во историската борба на Македонскиот народ за своја сопствена држава. 8- ми Септември е одговор на сите неправди и негации, на сите стари и нови аспирации спрема Македонија и Македонскиот народ, на сите обиди за негација на самобитноста.
На 8-ми Септември врз темелите на Кресненското и Разловечкото востание, Илинден 1903-та и Крушевската Република, врз темелите на НОБ и АСНОМ се вградија темелите на слободна, независна и суверена Република Македонија.
Светот и меѓународната заедница после силно изразената желба за своја сопствена татковина на Македонскиот народ на 8-ми Септември 1991 година мораа да се соочат и прифатат новата реалност – Република Македонија!
Македонија е се што имаме!
Нека ни е вечна!