Хет-трик на Ленче Андреевска за победа на ЖФК Каменица САСА против лутиот ривал Љуботен од Тетово

Во 2. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА постигна значајна победа од 3:2 на гостински терен против ЖФК Љуботен во Тетово.
Стрелец на сите погодоци за гостинската екипа од Македонска Каменица беше одличната Ленче Андреевска, која практично го реши домашниот состав.

За клубот од Македонска Каменица, победата на денешниот натпревар, е победа која долго ќе се памети! Исклучително важни три бода на патот кон нова шампионска титула!

Домаќините буквално беа надиграни, згазени, победени. Едноставно, научени кој е кој во македонскиот женски фудбал, – додаваат од ЖФК Каменица САСА за победата на денешниот натпревар во Тетово.

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *