ФФМ го суспендираше теренот на Башкими по инцидентот со Каменица Саса

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово  се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари кога домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово.

Оваа одлука доаѓа по одигрувањето на натпреварот помеѓу Башкими и Каменица Саса, минатата сабота, бидејќи на оваа средба имаше инцидент.

На само неколку минути пред крајот на натпреварот, во теренот влезе навивач на домашната екипа, каде физички нападна еден од фудбалерите на ФК Каменица Саса. Иако станува збор за инцидент после кој натпреварот треба да биде прекинат, со позитивен службен резултат за гостите. Судијата дозволи доигрување на мечот, под сериозна закана за безбедноста по гостинските играчи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *