Фудбалските легенди на „Саса“ и „Вардар“ одиграа ревијален натпревар за отворањето на „Куќата на спортот“

Денес, во Македонска Каменица, по повод пуштањето во употреба на новата „Куќа на спорт“, ревијален натпревар одиграа фудбалските легенди на ФК „Саса“ и ФК „Вардар“ од Скопје. Натпреварот заврши со победа на гостите, со резултат 0:2. Денешниов ден беше вистински празник на фудбалот, а каменичката публика имаше ретка можност да се потсети на фудбалските мајстории на плејада играчи чии имиња фудбалската историја уште долго ќе ги памети.

За домашниот тим, за легендите на ФК „Саса“ настапија Томе Петров, Бранко Младеновски, Лазо Јовановски, Виде Велиновски, Стоил Игнатов и уште многу други фудбалски великани, а тимот беше предводен од легендарниот претседател Тихомир Георгиевски-Тише, додека во улога на доктор се појави Блажо Георгиевски. За „Вардар“ заиграа Саша Кириќ, Жанко Савов, Ванчо Трајчов, Станиќ и други.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *