Фризер од Кочани нов милионер. Добитник е на 1,7 милион денари

Фризер од Кочани е новиот милионер на Истокот. Него, на игрите на среќа „го удрија“ речиси 30.000 евра, односно точно 1,7 милиони денари.

За среќата, кочанецот не сакаше јавно да зборува, но сепак откри дека добивката, најверојатно ќе ја инвестира за нов стан или за исполнување на неговата дамнешна желба, да почне нешто да работи и да живее во Италија покрај море.

Инаку, станува збор за редовен играч на игри на среќа, но ненадејниото богатство го изненадило и него.

Од почетокот на годинава, ова е трет милион кој се паѓа во источниот регион. Претходно на него се радуваа виничанец и жител на Пехчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published.