ФК Каменица-САСА ја нагости и ФК Тиверија со “петарда”

07. Април 2017 (kamenica.mk)

Македонска Каменица

Екипата на ФК Каменица-САСА денес на градскиот стадион во Македонска Каменица одигра одличен натпревар на кој постигна убедлива победа против струмичка ФК Тиверија. Тренерот на екипата и прв стрелец во тимот на каменичкиот тим дури четири пати се запиша во листата на стрелците. Стрелец на петтиот преостанат гол беше Стефан Атанасовски за конечни 5:0.

Натпреварот беше решен уште во првиот дел во кој ФК Каменица-САСА веќе водеше со 4:0. Саса моментално се наоѓа на четвртото место на табелата. Следното коло ФК Каменица-САСА го игра против ФК Осогово на гостински терен. Иако Осогово е со неколку бодови предност тоа ќе биде натпревар кој директно ќе одлучува за третто место и влез во Втората фудбалска лига.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *