Фк Каменица – САСА супериорна на домашен терен. Со “петарда” ја нагости виничка Слога

Градски стадион – Македонска Каменица

19. Февруари 2017г.

Со убедливи 5:1 за домаќините заврши последниот контролен натпревар помеѓу екипите на ФК Каменица – САСА и ФК Слога од Виница. На влажен и тежок терен за игра домаќините не ја испуштија можноста да доминираат во текот на целиот натпевар, како резултатски така и со прикажаното на теренот.

Резултатот го отворија виничани, но со гол во сопствената мрежа, па така со голот на Оли Христов во триесетата минута ФК Каменица – САСА веќе имаше водство 2:0. Со истиот резултат се замина на полувреме, а во средината на второто полувреме гостите преку пенал успеаа да го намалат резултатот на 2:1. Тоа беше единственото што можеа да го направат против разиграната “САСА”, која преку доминантно-агресивната игра на секој дел од теренот во преостанатиот дел од натпреварот атакуваше кон гостинската мрежа и успеа дури уште во три наврати да поентира. Стрелци за конечни 5:1 беа Емил Рунчевски, Оли Христов со негов втор гол на натпреварот за 4:1 и со атрактивен гол резултатот го запечати најголемото засилување во редовите на ФК Каменица-САСА, каменичанецот со богата интернационална кариера Зоран Златковски.

Натпреварот поради врнежливото и студено време го следеа само стотина љубители на фудбалот од Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *