ФК Каменица-САСА продолжува со добрата игра. Денес на гостински терен против ФК “Здравје-Радово” од Струмица каменичани извојуваа висока победа од 1:4.
Стрелци на головите за ФК Каменица-САСА беа Жан Манов и Зоран Златковски со по еден постигнат гол, а Ангел Атанасовски беше стрелец на два гола во текот на второто полувреме.
ФК Каменица-САСА останува на третто место од табелата после секое одиграно коло е чекор поблиску до влез во Втората фудбалска лига.