ФК Каменица-САСА поуспешна од штипска ФК Кежовица во денешниот пријателски натпревар

26, Март 2017 – Македонска Каменица (www.kamenica.mk)

Фото: Драган Костовски

ФК Каменица-САСА го искористи слободниот термин од третолигашкото првенство и пред домашна публика одигра пријателски натпревар со ФК Кежовица од Штип. Головите за Каменица-САСА ги постигнаа Зоран Златковски за водатво во првиот дел од натпреварот и Ален Миленковски од пенал во второ полувреме за конечни 2:1.

На денешната средба за ФК Каменица-САСА акцентот беше ставен на помладите играчи од екипата. Во текот на вториот дел од натпреварот им беше дадена шанса, а со тоа и потребна минутажа за докажување и уигрување со стандардните првотимци од екипата. Добро се носеа и одлично одговорија на задачите во играта и во иднина во склад со ситуацијата во играта на теренот и потребите на екипата ќе добиваат се повеќе шанси за настап и во регуларниот дел од првенството. – кратко за КаменицаМК-Прес по завршувањето на натпреварот изјави тренерот на каменичката екипа Зоран Златковски

ФК Каменица-САСА е слободна на и следниот викенд од распоредот на Третата фудбалска лига.

Гледачи: 600

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *