ФК Каменица-САСА останува на третата позиција по завршувањето на 16-то коло од Третата македонска фудбалска лига (Табела и комплетни резултати од колото)

ФК Каменица-САСА по завршувањето на 16-то коло се наоѓа на високото трето место на табелата, заостанувајќи само два бода зад фаворизираната Плачковица, а три бода повеќе од ФК Овче Поле.

Во следното коло 17-то коло (Сабота), ФК Каменица-САСА ќе патува во Пехчево каде во борбата за нови три бода ќе се натпреварува против екипата на ФК Кит-Го.

 

Екипата на Каменица-САСА го започна пролетниот дел на првенството од Третата фудбалска лига со убедлива победа од 3:0 против екипата на ФК Василево. Во прилог комплетните резултати од последното 16-то коло на Третата фудбалска лига.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *