ФК “КАМЕНИЦА – САСА” ЗНАЕ САМО ЗА ПОБЕДИ. КАМЕНИЧАНИ ВО ГОРНИОТ ДЕЛ ОД ТАБЕЛАТА

Со двете последователни и убедливи победи ФК Каменица-САСА се пресели во горниот дел од табелата на третата фудбалска лига.

image-0-02-05-939f1dab76a1e328c38654d8f84c2306f4a7dba93aa4fc0c38d8ee01a1599106-v
Екипата од Каменица во саботата на домашен терен славеше дури со 10:0 против екипата на ФК Конче – Бирлик. Во листата на стрелци за ваквата убедлива победа на ФК Каменица-САСА, по двапати се запишаа Александар Атанасовски, Мартин Димовски, Дарко Алексовски и Митар Соколовски, додека по еден гол постигнаа Ѓорѓи Атанасовски и Стефан Атанасовски.
Денес во последното седммо коло од третата фудбалска лига ФК Каменица – САСА ги вкрсти силите со ФК Слога од Виница. Каменичани на гостински терен славеа со 2:4 преку головите на Дарко Алексовски од пенал и со трите погодоци за “хет-трик” на редовниот стрелец за зелено-црните Стефан Атанасов. Екипата на рударите комплетно ја надигра домашната екипа особено по влегувањето во игра на Ѓорѓи Атанасов, Александар Атанасовски и Денис Ристовски.

image-0-02-05-e700ae5fa799099228d3fab92401c301b6ea1aa6d482b49e84c93c91b4354a70-v
ФК Каменица – САСА почна полека, но сигурно да го остварува својот план од пред почетокот на сезоната и со четири победи и два пораза зад себе се наоѓа каде што и припаѓа – во горниот дел на табелата, на солидното петто место. Се надеваме дека зелено – црните ќе продолжат да не радуваат со ваквата одлична игра и до крајот на сезоната ќе се задржат во врвот од горниот дел од истата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *