ФК Каменица-САСА го пречекува ФК Василево на стартот од пролетниот дел на Третата фудбалска лига – Исток

Утре, недела започнува пролетниот дел од првенството во Третата Фудбалска Лига – Исток. На програмата е 16-тото коло во кое “Каменица-САСА” ја пречекува екипата на “Василево”. Каменичани очекуваат рутинска победа во овој натпревар, добра игра во континуитет и нови бодови погребни за влаз во повисокиот ранг на натпреварување – Втора македонска фудбалска лига.

Во екипата на ФК “Каменица-САСА” добрата организациска поставеност, новите засилувања во тимот и високата мотивираност на играчите се основата врз која стручниот штаб и тимот веруваат во својата зацртана цел уште од пред почетокот на есенскиот дел, а тоа е настап во повисок ранг на натпреварување во следната сезона. Додека во наредните сезони на натпреварување и враќање на старата слава на клубот и повторно уживање на каменичката фудбалска публика во Прволигашките надигрувања од трибините на Градскиот стадион во Македонска Каменица.

Утре, Недела 26. Февруари

14:00 часот

Градски стадион во Македонска Каменица

ФК Каменица САСА – ФК Василево

На останатите натпревари се среќаваат:

Слога 1934 – Кит Го Пехчево

Работник – Осогово

Овче Поле – Тиверија

Беласица – Брегалница Голак

Рудар – Плачковица

Слободни се екипите на : напредок Здравје и Малеш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *