Фабио Переира Да Силва – фудбалер што ниеден тим не смее да го купи

Фабио Переира да Силва, бразилскиот лев бек, дефинитивно нема среќа кога во прашање е изборот на новиот клуб. Во 2008 година заедно со својот брат Рафаел потпишаа за големиот Манчестер Јунајтед, но Фабио не успеа да се истакне кај Фергусон и од 2012 започна авантура која е вистинска реткост на оваа игра.

Всушност, каде и да преминал, клубот истата сезона отпаѓал од лигата. Најпрво во 2013 година беше позајмен во КПР, но тогаш „ренџерите“ веднаш испаднаа од Премиер лигата. Наредната сезона се пресели во тимот на Кардиф, но и таму немаше среќа, бидејќи велшкиот тим тогаш предводен од Оле Гунар Солскајер се пресели во Чемпионшип. Во Кардиф остана неколку сезони, па на почетокот на оваа беше меѓу првите засилувања на Каранка во Мидлсброу, но по поразот од Арсенал од пред неколку дена и математички испадна од елитата на англискиот фудбал.

Ваков малер ретко кој фудбалер го прати во кариерата, па сега останува во воздух да виси прашањето – кој тим ќе се осмели да го ангажира бразилскиот фудбалер?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *