УХМР: Очекувајте невреме – најкритично ќе биде во текот на утрешниот ден

Утре и во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови што ќе предизвика времето да биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Најинтензивни процеси, локално и во форма на невреме со појава на град се очекува да има утре.

Во четврток врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови. Од четврток ќе дува и повремено засилен северен ветер, што ќе услови посвежо време.

Од петок до недела ќе има повеќе сончеви периоди, а врнежите ќе бидат послаби и полокални.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *