Утрово почина Есма Реџепова

Есма Реџепова (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)

Со голема тага и жал ве известуваме дека утрово, по кратко и тешко боледување, на 73-годишна возраст почина кралицата на ромската музика, нашиот музички амбасадор во светот, Есма Реџепова-Теодосиевска.

Есма Реџепова, нарекувана кралица на ромската музика во светски рамки, примадона на европското пеење, национален уметник, во 2013 г. ја доби и престижната титула национален уметник на Република Македонија, во својот живот има одгледано 47 деца и има одржано голем број хуманитарни акции, денеска ја изгуби битката со болеста.

Инаку, пред само неколку дена Есма беше примена во една приватна болница поради проблеми со белите дробови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *