Убиецот на градоначалникот од Боговиње им подлегна на повредите на Ургентен во Тетово

МВР издаде соопштение за денешното убиство на градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи.

Денеска(06.05.2017) во 10.45 часот во Медицинскиот центар Тетово бил донесен Х.И. (58), градоначалник на општина Боговиње, кој имал повеќе прострелни рани по телото добиени од огнено оружје. Веднаш потоа, во Медицинскиот центар Тетово било констатирано дека градоначалникот Х.И. бил починат. Убиството го извршил Ќ.А. (53) од с. Боговиње во угостителски објект во непосредна близина на општината. На настанот му претходела вербална расправија помеѓу Х.И. и Ќ.А.. Набргу потоа, Ќ.А. се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум во пределот на главата. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицински Центар Тетово, од каде поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.  Увид на местото на настанот вршат Јавен обвинител и увидна екипа од Сектрот за внатрешни работи Тетово. За сите понатамошни мерки по завршување на увидот насоки ќе бидат дадени од надлежниот Јавен обвинител“, стои во соопштението на МВР.

 Неколку минути по ова соопштение од МВР испратија ново во кое стои:

„Во врска со настанот што денеска се случи во с.Боговиње каде беше убиен градоначалникт на општина Боговиње, Ве информираме дека лицето Ќ.А. (53) од Боговиње кое беше повредено од огнено оруже во пределот на главата и кое беше префрлено во Ургентниот Центар Скопје, им подлегнало на повредите и починало“, стои во соопштението на МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *